
Хрватска не дозволи изненадување и шести пат по ред ќе игра на Европско првенство (ВИДЕО)
За „коцкестите“, тоа ќе биде шести континентален шампионат по ред и вкупно седми од осамостојувањето од кога пропуштија само едно првенство, она во 2000 година во Белгија и Холандија. И во овој циклус, третопласираната репрезентација од последниот Мундијал се мачеше, но беше на ниво во клучните моменти и со две победи на крај ја оствари својата цел.
Херој на вечерашниот натпревар беше Анте Будимир кој го постигна победничкиот гол во 43. минута. Соса нафрли од лрвата страна, а високиот напаѓач со глава го совлада голманот на Ерменија. И во второто полувреме Хрватска доминираше и создаде неколку шанса, но не дојде до поубедлива победа.
Денешниот натпревар има историско значење бидејќи беше последен квалификациски во кариерата на Лука Модриќ. Плејмејкерот на Реал најави дека ќе го одигра уште Европското првенство и потоа заминува во репрезентативна пензија, на 39-годишна возраст.
РЕЗУЛТАТИ
Андора – Израел 0-2
Гибралтар – Холандија 0-6
Грција – Франција 2-2
Хрватска – Ерменија 1-0
Косово – Белорусија 0-1
Романија – Швајцарија 1-0
Велс – Турција 1-1
