
Хрватска ја преживеа Словенија и оди во четвртфиналето на Мундијалот
„Коцкестите“ буквално го преживеаја овој натпревар бидејќи безмалку цело прво полувреме, темпото го диктираше противникот. Словенците, за кои овој меч немаше никакво резултатско значење, отворија со 5-0, а потоа уште во неколку наврати имаа пет гола предност. Хрватска успеа до полувреме да ја анулира негативата и на голем одмор се замина со 15-15, за во вториот дел да биде комплетиран пресвртот.
Словенија не се предаде лесно, до средина на второто полувреме беше израмнето или +1, а потоа почна доминацијата на домашната селекција. Со серија од 3-0, Хрватска отиде на 25-22, Словенците во повеќе наврати се доближија на два гола негатива, но до нов пресврт не дојде.
Главаш, Мартиновиќ и Шипиќ со по пет гола ја предводеа Хрватска, а исто толку на спротивната страна постигна Влах. Со овој триумф „коцкестите“ го освоија првото место во својата група и во четвртфиналето ќе играат со Унгарија. Извиси Исланд поради најслабиот биланс во кругот во кој се најдоа уште Хрватска и Египет.
