
Хрватите треба да одвојат речиси две просечни нето плати за еден квадратен метар нов стан
Поскапуваат недвижностите во Хрватска. Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска чини 2.200 евра.
Таа во првата половина од годинава изнесува 2.219 евра, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа значи дека купувачите морале да одвојат речиси две полни просечни нето плати за еден квадратен метар нов стан, која за јуни во Хрватска изнесуваше 1.150 евра.
