Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии
Економија

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

23/01/2025

AA

Според дел од хрватските синдикати, странските работници имаат повеќе права од домашните. 

Велат дека странците често се привилегирани во многу компании, во споредба со домашните работници. Така, хрватскиот синдикат ППДИВ, (Синдикатот на вработените во земјоделството, прехранбената и тутунската индустрија и водостопанство), му укажа на народниот правобранител дека многу работодавци ги плаќаат трошоците за сместување и за храна за странските работници и креираат распоред за работа што ги фаворизира, односно има случаи кога тие работат само прва смена, а не работат за викенд, за разлика од локалните работници. Ова ги става странските работници во значително подобра и поповолна положба, што претставува одредена форма на дискриминација, тврдат од ППДИВ, пишува Даница.хр.

Велат дека тоа предизвикува незадоволство кај локалните работници, кои честопати се помалку платени од странците.

„Со вработување на странски работници, работодавачот има значителни трошоци во вид на трошоци за храна, плаќање на сместување и друго. Со подобрување на условите за работа на хрватските работници и трошење на истите средства, тие успешно би придонеле за задржување на домашните работници и зачувување на домашниот пазар на труд. Иако странските работници го збогатуваат општеството и ги пополнуваат празнините на пазарот на трудот кои настанаа поради високата стапка на иселување, дефинитивно треба да се работи на подобрување на условите за работа на граѓаните на Република Хрватска и нивно задржување на нивните работни места“, велат од синдикатот. 

Додаваат дека не треба да се вработуваат странски работници под подобри материјални услови и на подолг временски период во однос на домашните работници. 

Foto: PIK / Strani radnici u vrbovečkom Piku uče hrvatski / ILUSTRACIJA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy