Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хронологија на вооружените напади во Германија
Македонија

Хронологија на вооружените напади во Германија

10/03/2023

AA

Нападот врз молитвениот дом на Јеховините сведоци во Хамбург, во кој повеќе лица ги загубија животите, е последниот во серијата вакви инциденти во Германија во последниве години, по што денеска дел од јавноста бара заострување на и онака строгите закони за оружје во земјата.

Сенаторот за внатрешни работи на градот-сојузна покраина Хамбург Енди Гроте потврди дека напаѓачот пред да си го одземе животот, „убил седум лица, меѓу кои и неродено бебе“. Меѓу убиените има четворица мажи и две жени, сите германски државјани. Повредени се осум лица, од кои четворица потешко. Сите жртви се германски државјани, освен две жени од повредените, од кои едната од Украина, а другата од Уганда.

Според полицијата, напаѓачот законски поседувал полуавтоматски пиштол „Хеклер и Кох Пистол П30“. – Тој испука повеќе од 100 истрели за време на нападот, рече шефот на обвинителството во Хамбург, Ралф Петер Андерс, додавајќи дека биле пронајдени уште стотици куршуми при претресот на станот на човекот.

Во Германија има строги закони за поседување оружје, но сепак попопусливи од соседните земји, па масовните пукања во оваа земја не се нешто непознато.

– Во февруари 2020 година, 43-годишен маж уби девет лица од мигрантско потекло, во расно мотивиран напад во градот Ханау, источно од Франкфурт, пред да ја убие својата мајка и себеси.

– Во октомври 2019 година, напаѓачот кој јавно ги навреди Евреите пред синагогата во Хале на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејската година, застрела и уби две лица додека го пренесуваше нападот во живо.

– Во јули 2016 година, 18-годишен Германец со иранско потекло уби девет лица, главно муслимани, во трговски центар во Минхен.

– Во март 2011 година, двајца американски војници беа убиени во исламистички мотивиран напад врз американски воен автобус на аеродромот во Франкфурт.

– Во март 2009 година, 17-годишно момче уби 15 луѓе во градовите Виенден и Вендлинген, во југозападна Германија, а потоа побегна пред да се самоубие.

– Во април 2002 година во Ерфурт, 19-годишно момче во училиште уби 16 луѓе, а потоа и себеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy