Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРАНАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА: цените на основните намирници во светот на највисоко ниво во последните шест месеци
Економија

ХРАНАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА: цените на основните намирници во светот на највисоко ниво во последните шест месеци

07/06/2024

AA

Светските цени на храната во мај се искачија на највисоко ниво во последните шест месеци, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната за мај се зголеми од 119,3 поени во април на 120,4 поени, се наведува на веб-страницата на ФАО. Порастот на цените на житариците и млечните производи повеќе од го компензира падот на цените на шеќерот и растителните масла, додека индексот на цените на месото е речиси непроменет во однос на април.

Индексот на цените на житните култури е зголемен за 6,3 отсто, на 118,7 поени, бидејќи е забележан месечен раст на цените на сите видови жита, особено на пченицата. Остриот месечен пораст на цените на житото главно се должи на загриженоста за неповолните услови за културите за жетвата во 2024 година.

Индексот на цените на млечните производи во мај во просек изнесувал 126 поени, што е за 1,8 отсто повеќе во однос на април. На зголемувањето на цените на млечните производи влијаеше зголемената побарувачка во малопродажниот и прехранбениот сектор во пресрет на летните одмори, како и загриженоста на пазарот дека производството на млеко во Западна Европа може да падне на историски минимум.

Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека успешно започна жетвата на шеќерна репка во Бразил, така што релевантниот индекс падна за 7,5 отсто месечно на 117,1 поен. Показателот што ги следи цените на растителните масла во мај беше на ниво од 127,8 поени, што претставува пад од 2,4 отсто во однос на април, пред се поради пониските цени на палминото масло. Индексот на цените на месото е практично непроменет во однос на април, бидејќи е зголемен за само 0,2 отсто на 116,6 поени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy