Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХОТЕЛ ВО КРУШЕВО, ФАБРИКА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО КУМАНОВО – Некогаш големи деловни објекти, сега зјаат празни, еве што продаваат домашните банки
Економија

ХОТЕЛ ВО КРУШЕВО, ФАБРИКА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО КУМАНОВО – Некогаш големи деловни објекти, сега зјаат празни, еве што продаваат домашните банки

12/01/2024

AA

Некогаш важел за
големо свртилиште и бил посетуван со гости од разни земји, но денес или веќе
десетина години зјае празен и го чека својот нов газда. Хотелот Илинден во
Крушево е еден од многуте објекти кои се продаваат од страна на комерцијалните
банки во земјава.

Овој објект е
огласен на продажба од страна на „Силк Роуд Банка“
, кои оваа планинско
одморалиште лоцирано надвор од градската средина го нудат како голем потенцијал
за инвестиции и привлекување посетители кои ги сакаат зимските спортови
.

– 
Хотелот
е сместен во југозападна Македонија, на 1350 метри надморска височина, на 155 километри
од Скопје. Хотелот се наоѓа на периферијата на градот Крушево, опкружен со шуми
богати со кислород и во непосредна близина на ски центарот. Хотелот и неговата
околина нудат широк спектар на можности за рекреација – скијање, планинарење,
планински велосипедизам, лов и риболов, како и идеална клима и услови за параглајдерство
– пишува во постот кој стои на веб страната на „Силк Роуд Банка“.

Почетната
површина на хотелот била 2.400 метри квадратни, а подоцна се изградени уште 2.164
метри квардатни. Тој располага со 47 единици, апартмани, студија и двокреветни соби
и 9 големи двокатни апартмани на последниот кат. Воедно во објавата, банкарите
посочуваат дека хотелот е реконструиран во 2017 година, и дека првичната градба
е уште од 1949 година и има панорамски поглед на шумата, Крушевската котлина и
планините.

Дали овој голем објект
повторно ќе заживее останува да видиме. Но, прегледот на имотот кој банките го
нудат на продажба покажува дека има објекти кои со години се нудат од банките,
и кои ги исчекуваат новите сопственици.

Друг голем објект
кој се нуди преку банките е зградата на некогашниот градежен гигант „Бетон“.
Овој објект го продава НЛБ Банка, по цена од скоро пет милиони евра.

– 
Во
извршна постапка се продава недвижност во Скопје, Управна зграда Бетон, на ул.
М.П.Јорданов бр.32 А. Недвижноста се наоѓа веднаш зад Министерство за
Економија.

Моменталната
вредност за недвижноста изнесува 4.952.967 Евра. Во рамки на недвижноста се
наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за
видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од
пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација,
со моментална вредност од 318.963 евра – пишува во објавата на НЛБ Банка.

Покрај овие два
големи објекти, низ нашите комерцијални банки има голем број деловни објекти
кои се продаваат, кои со години стојат празни и го чекаат новиот сопственик
. Деловните
објекти се потешки за продажба, бидејќи се градени со конкретна намена па е
потешко да се пренаменат за користење за други цели.

Така на пример, Шпаркасе
банка продава млекара во Тетово, изградена во 2003 година, која имала и
доградба во 2006 година.

– 
Деловна
зграда-млекара во село Палатница, Тетовско, на излезот кон цело Озормиште, со
вкупна површина од 745 метри квадратни и дворно место со површина од 2.350 метри
квадратни и нива со површина од 2.713 метри квадратни. Година на градба: 2003 и
дел во 2006 година – стои во објавата на Шпаркасе банка.

Уште еден голем
објект кој се продава е некогашна фабрика за производство на велосипеди. Станува
збор за недвижен имот лоциран во Куманово, во тамошната наслеба Карпош, во
близина на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка.

– 
Пристапот
до објектот и за моторни возила и за пешаци е од локална сообраќајница.
Фукционалната намена на објектот е производство на велосипеди, администрација
и  магацини. Објектот е составен  од подрум, приземје, кат 1 и кат 2. Овој
објект е лепенка со стариот објект и внатрешно се поврзани и взаемно
функционални. Во објектот има пристап преку два посебни влеза на приземјето и
влез во подрумскиот дел. Околу објектот има изработено заштитни бетонски
тротоари и по целата површина тротоарите се поплочени со бекатон. Дворното
место е со површина од 24 метри квадратни, земјиште под зграда е 222 метри
квадратни и дворното место со површина од 356 метри квадратни, земјиште под
зграда е 1237 метри квадратни. Моменталната продажна цена на објектот изнесува
1.177.431 евра. Во склоп на имотот се продаваат и машини, опрема и залихи
согласно спецификација чија моментална вкупна продажна цена изнесува 126.956 евра.
Вкупната моментална продажна цена на објектот и на опремата изнесува 1.304.387 евра

– се посочува во објавата.

Но, тоа не е се,
напротив, на листите на недвижнини кои се нудат на продажба преку извршители,
или директно од банките има голем број имоти, од кои дел се деловни објеки, а
има и станбени објекти. Меѓу нив има недовршени и целосно комплетирани објекти.
Има имоти во самиот центар на Скопје, но сепак, долг период стојат на огласите
на банките. Деловните објекти понекогаш остануваат подолг период непродадени, особено
оние кои имаат конкретна намена.

П.О.

Фото: Принтскрин/СилкРоуд Банка

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy