Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хоспиталниот третман на дебелина во болницата „Жан Митрев“ дава одлични резултати – Пациентите полесни и до 50 кг за месец дена
Македонија

Хоспиталниот третман на дебелина во болницата „Жан Митрев“ дава одлични резултати – Пациентите полесни и до 50 кг за месец дена

17/10/2023

AA

Клиниката Жан Митрев е единствената болница во регионот која овозможува хоспитален третман на дебелина кај пациентите со покачена телесна тежина и им помага да постигнат одржливо губење на тежината. Иако многу луѓе со дебелина веруваат дека треба сами да се справат со својата тежина, тоа не е така лесно. Третман на пациентите со прекумерна телесна тежина е со цел да можат да воспостават правилен биоритам на телото, кој ќе може, модифицирано, да го продолжат и во домашни услови, со редовни контроли по завршувањето на хоспитализацијата.

Дебелината е сериозен здравствен проблем, болест која зазема пандемски размери. Како се дефинира и зошто претставува ризик по здравјето?
Д-р Џулиана: Дебелината е тешко да се дефинира. Со текот на времето влезе во категоријата на комплексни хронични заболувања која се карактеризира со зголемен внес на калории над потребното и покачување на телесната тежина. Според дефиницијата на СЗО надхранетоста (БМИ 25-30кг/м2) и обезноста (над 30кг/м2) се дефинирани како абнормално или ексцесивно акумулирање на масти кое претставува ризик по здравјето.

Кога едно лице има прекумерна тежина, а кога, пак, спаѓа во групата на обезни луѓе? Односно како прекумерната телесна маса и обезноста се поделени според индексот на телесна маса?

Статистичките податоци говорат дека 13% од возрасните во светот се обезни, а 39% се со прекумерна тежина. Едно од пет деца и адолесценти, на глобално ниво, имаат прекумерна тежина. Според СЗО, дебелината во светот е речиси тројно зголемена од 1975 година. Болеста е мултифакторијална, но кои се генерално причините што водат до вишок килограми?
Д-р Џулиана: Дебелината е под влијание на многу фактори и внатре и надвор од телото. Човек може да се роди со тенденција да се дебелее. Исто како што некој е роден со одредена боја на очи. За време на слабеењето, нивото на хормоните може да се промени во обид да се врати изгубената тежина. Како резултат на тоа, студиите покажуваат дека само околу една третина од луѓето успешно ја одржуваат изгубената тежина.
Многу аспекти на општата благосостојба, животната средина и начинот на живот на една личност, исто така може да предизвикаат зголемување на телесната тежина. Каде живее едно лице и културата што го опкружува исто така може да влијае на ризикот од развој на дебелина.

Најголемиот дел од луѓето со прекумерни килограми се свесни за состојбата во која се наоѓаат, проблемите кои им ги создава, како и потенцијалните последици односно болести кои може да произлезат поради преголемата телесна маса. Треба да се преземе акција, да се стопи вишокот, но во пракса најчесто тоа оди многу тешко, а понекогаш не помагаат никакви диети или пак имаат истите имаат јо-јо ефект. Потребна е голема жртва и истрајност да се стигне до целта. Како да се ослабе?
Д-р Џулиана: Прв и основен чекор е луѓето со покачена телесна тежина да станат свесни за својата телесна состојба и дека навистина имаат проблем со килограмите, па така да почнат да ги менуваат дотогашните навики, со помош на нас, ендокринолозите, кои ќе го направиме планот за третман и ќе продолжиме да го следиме редовно со сите потребни дополнителни интервенции и последователни иследувања.

Клиниката „Жан Митрев“ е единствената болница во регионот која овозможува хоспитален третман на дебелина кај пациентите со покачена телесна тежина и им помага да постигнат одржливо губење на тежината. Каков е протоколот по кој работите, од што се состои третманот и програмата за поддршка на здравјето и благосостојбата на вашите пациенти?

Д-р Џулиана: Иако многу луѓе со дебелина веруваат дека треба сами да се справат со својата тежина, тоа не е така лесно. Затоа ние, во клиниката „Жан Митрев“, започнавме третман на пациентите со прекумерна телесна тежина, се со цел да можат да воспостават правилен биоритам на телото, кој ќе може, модифицирано, да го продолжат и во домашни услови, со редовни контроли по завршувањето на хоспитализацијата. Протоколот е наменет за пациенти со прекумерна телесна тежина кои треба да се третираат во хоспитални услови, и се состои во строго контролиран диететски режим на исхрана, по однапред утврдени калориски вредности и соодветна физичка активност и психолошка поддршка на личноста.

Пристапот во болницата е мултидисциплинарен – кои се специјалностите кои се дел од тимот кој ја враќа насмевката на лицата на пациентите и колку време трае престојот во болница?

Д-р Џулиана: Тимот се состои од ендокринолог, кардиолог, физијатар, психолог и медицински техничари кои секојдневно се ангажирани со свои програми за успешно спроведување на третманот. Доколку има потреба, се вклучуваат и други специјалности кои во моментот ќе бидат неопходни. Препораката за овие пациенти е еден месец хоспитален третман на дебелина, но секако зависи од желбата на пациентот и од неговата подготвеност за ваквиот начин на третман.

Зад себе веќе имате повеќе задоволни пациенти, успешно реализирани цели и луѓе кои по престојот во болница имаат поинаков квалитет на живот. Дел од пациентите едвај се движат кога ќе пристигнат кај вас, но си заминуваат на нозе, некои од нив и со изгубени 50 кг за месец дена! Верувам дека успешниот епилог на хоспиталниот престој претставува огромно задоволство и за вас. На што сте особено горди и што е најбитно за време на хоспиталниот третман на дебелина кај пациенти со покачена телесна тежина?

Д-р Џулиана: Ох, кај секој од овие пациенти има многу на што човек може да биде горд и да се восхитува. Самиот факт дека се случиле посакуваните позитивни промени за прв пат по долги години, промени за кои повеќето луѓе од надвор не ни помислуваат дека се проблем во секојдневниот живот (не можност за непречено движење, набавка на облека во соодветен број итн.) Но за овие пациенти тоа е како повторно да се враќаат во времето кога воопшто немале проблеми со телесната тежина и им дава мотив, елан и позитивна енергија дека се на вистинскиот пат и дека прават нешто корисно за себе, на најприродниот можен начин. Е на тоа се одушевувам! А се гордеам на нивната цврста решителност да работат на себе и да ја заменат својата зона на комфор, со зона на ограничување во она што им претставувало до вчера извор на задоволство. Секако најважното во третманот е соработката од страна на пациентот и неговиот позитивен став кон постигнување на зацртаната цел.

Со какви препораки ги испраќате пациентите дома и на што треба најмногу да внимаваат во однос на одржување на изгубената тежина?

Д-р Џулиана: Најважно по заминувањето од болница е пациентот да го одржи темпото и ограничениот калориски внес кој е воспоставен во текот на хоспитализацијата како и одржување на физичката активност според препораките. Всушност тоа е и најважната порака што секој пациент ја зема со себе, дека храната е потребна во многу помала количина од онаа што секојдневно ја внесуваме, и дека потребите за задоволување на функционалните механизми на организмот се многу помали од она што мислиме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски

08/02/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy