Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хороскопот открива: Кои мажи ќе ве чуваат како кралица, а кои љубовта ја покажуваат на друг начин?
Магазин

Хороскопот открива: Кои мажи ќе ве чуваат како кралица, а кои љубовта ја покажуваат на друг начин?

20/10/2023

AA

Некои хороскопски знаци се попосветени на своите партнери, а други пак, сметаат дека нема потреба од „воздигнување до небо“ за да ја изразат својата љубов, што не значи дека таа не постои.

Според астролозите, Овенот, на пример, сака романтичен и рамноправен однос. Тој смета дека на партнерката повремено треба да ѝ се купуваат подароци, но не и да ја разгали и да ја претвори во материјалистка.

И Бикот сака да ѝ удоволува, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо подароци или масажа, тој љубовта ќе ја покаже како поддршка, грижа и одговорност.

Од Близанците не би требало да очекувате кралски третман. И тој ќе ве сака, и ќе ве држи за рака, но постојаното удоволување не му е во природата. Според него, таквите работи се непотребни и изненадувањата се чуваат само за посебни пригоди.

Ракот сака да ја разгали својата партнерка и ќе ѝ даде сѐ што посакува. Тој е зависен од взаемни бакнежи и топли зборови.

Лавот ужива во внимание и галење, па тоа ѝ го нуди и на својата поубава половина, со очекување дека ќе му вратите со иста мерка. Тука ќе има многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што треба да направи за да бидете среќна.

Мажот Девица нема да направи ништо посебно за да покаже колку сте му посебна, но неговите суптилни гестови и оригиналноста ќе кажат сѐ. Вие за него сте принцеза и ќе го забележите тоа додека, на пример, ви ја отвара вратата, ви го извлекува столчето, или ви испраќа кратки слатки пораки за да ви покаже дека мисли на вас.

Вагата сака да им удоволува на другите, но тоа нема да се случува постојано само зашто вие тоа го барате. Ќе ви ја пружи сета љубов, но нема да ве стави на престолот.

Мажите родени во знакот Скорпија се интензивни и прилично страствени. Но, иако би можеле да бидете негова кралица, најдобро е да не очекувате ​​премногу. Просто, не се склони кон романтични и креативни гестови. Но затоа пак, в кревет ќе ве обожува како кралица, секако – еднаква на себе.

Стрелецот е авантурист и сака забава. Повремено сака и слатки подароци и излегувања. Претпочита силен однос и во врската нема да се чувствувате како дадилка.

Јарецот изгледа сериозно, но всушност е доста мек. Ќе ви се поклонува и ќе ви го подари сиот раскош што го заслужувате. Тоа е неговиот начин на покажување на преданоста.

На мажите Водолии им е важна длабоката поврзаност. За него подароците се површна работа. Претпочита обајцата да вложите еднаков труд во врската и сака да бидете со него поради тоа каков е, а не заради материјалните нешта.

Рибите се многу внимателни и ќе направат сѐ за да се чувствувате посебно. Очекувајте многу букети, отмени вечери и изненадни патувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy