
Хорор во Скопје: 17-годишен син со нож го нападнал таткото!
На 06.09.2025 во 09:10 часот во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 06:18 часот во семејниот дом во Скопје, со нож му нанел повреда на неговиот 51-годишен татко.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
