
Хорор во Бразил: Обид за киднапирање на ќерката и девојката на Нејмар!
Обидот за киднапирање се случил во вторникот, кога криминалците влегле во домот на Бруна Бјанкарди, но таму ги затекнале само нејзините родители кои ги врзале.
Полицијата успеала да уапси еден од разбојниците, додека останатите двајца се во бегство откако украле скапи часовници и накит од нивниот дом.
„Утрово ја ограбија мојата куќа и ги земаа моите родители за заложници. Јас, Мави и мојата сестра повеќе не живееме таму и не бевме во тој момент во куќата. Им благодарам на Бог што тие се добри. Најважно е моите родители да бидат безбедни“, објави Бјанкарди.
Неодамна беа киднапирани и родителите на Дијаз од Ливерпул, а полицијата сè уште трага по неговиот татко, откако претходно ја спаси мајка му.
Homem é preso após invadir casa de Bruna Biancardi, em Cotia, em busca da influenciadora e Maviehttps://t.co/fWRZIh0xiW
— Quem (@quem) November 7, 2023