Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Холодомор – најдолго прикриваното злосторство
Македонија

Холодомор – најдолго прикриваното злосторство

26/11/2023

AA

Четвртата сабота во ноември се одбележува Холодомор – намерниот глад во Украина предизвикан од советскиот лидер Јосиф Сталин во периодот од 1932 до 1933 година, при што починаа од три до десет милиони луѓе.

Историчарите не се согласни за бројот на жртвите бидејќи властите во СССР забрануваа спомнување на самиот збор Холодомор, што значи „да се убие со изгладнување“.

Гладот не беше ограничен само на украинскиот дел на СССР, а гладуваа и јужните региони на Русија. Но, гладот во Украина има знаците на геноцид.

Во 1929 година во СССР почнува да се спроведува програмата за колективизација, при што селаните беа принудени на различни начини да се приклучат на „колхозите“ (колективни фарми) и „совхозите“ (државните фарми). Првиот петгодишен план (петгодишен план), програма за економски цели смислена во Москва, бараше од селаните, колхозите и државните фарми да воведат нови култури, со кои селаните честопати не беа запознаени и немаа никакво искуство во одгледувањето.

Ефектите од колективизацијата беа катастрофални, времето беше лошо, а селаните даваа отпор, што често прераснувал и во вооружени бунтови, кои брзо биле задушени.

Во годините пред гладот, членовите на Комунистичката партија конфискуваа храна од селаните за да ја извезат надвор од СССР, со цел да му се покаже на светот дека комунизмот произведува вишок храна. Кражбата на храна за извоз продолжи дури и за Холодомор, иако луѓето ширум Украина и другите делови на СССР умираа од глад. Требаше да се задржи перцепцијата во странство дека социјалистичкиот СССР произведува вишок храна и не постои глад.

На селаните прво им било забрането да го напуштаат селото и да патуваат во градовите, за да ја скријат вистинската состојба од урбаното население.

На новинарите, дипломатите и другите странски функционери им беше забрането да зборуваат и пишуваат за она што се случува во Украина.

За време на Холодомор се појавија и канибализам и инфантицид. Повеќе од 2.500 луѓе беа осудени за канибализам, а колку тој беше широко распространет сведочи фактот што властите изработија постери на кои пишуваше: „Да се јаде сопственото дете е варварски чин!“

Родителите беа принудени да избираат кое дете да го жртвуваат за другите да преживеат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Франција го екстрадираше во Хрватска осомничениот за воено злосторство во Мирковци во 1991 година

06/11/2024

Франција испорача во Хрватска маж (62) осомничен за воени злосторства врз заробени припадници на хрватската војска и полиција во октомври

Тројца новинари загинаа во израелските напади врз Либан – „Тоа е воено злосторство“

26/10/2024

Тројца ЛИБАНСКИ новинари загинаа во израелски воздушен напад во југоисточен Либан. Проектилите погодија куќа во комплексот во Хасбаја, каде што

„Го клоцаа во глава, сцената беше страшна“: Детали за грозоморното злосторство пред детско игралиште во

15/06/2024

Детска роденденска забава во игротека во Фосендорф во Долна Австрија се претворила во хорор. Златомир Ј.(66) и неговиот син Златан

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy