
Холандскиот амбасадор на средба со Ахмети, му кажа дека е неприфатливо да се влијае на претседател на Врховен суд
Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Како што објавија од амбасадата, посетата била со цел за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.
Исто така, амбасадорот му порачал на Ахмети дека неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

