Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Холандската влада падна поради имиграциската политика
Македонија

Холандската влада падна поради имиграциската политика

08/07/2023

AA

Холандската влада денеска падна бидејќи не е постигнат договор за ограничување на имиграцијата, потврди Христијанската унија, една од четирите членки на владејачката коалиција.

„Четирите партии одлучија дека не можат да постигнат договор за миграцијата. Затоа, одлучија да го прекинат мандатот на оваа влада“, изјави партискиот портпарол Тим Куестен.

Тој со тоа го потврди извештајот на холандската новинска агенција АНП, која објави дека премиерот Марк Руте ќе поднесе оставка од неговиот кабинет бидејќи не е постигнат договор за мерките за ограничување на имиграцијата.

Кризата настана по обидот на конзервативната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте да го ограничи протокот на баратели на азил во Холандија, ги подели четирите партии од владејачката коалиција, бидејќи две помали партии одбија да го поддржат предлогот, пренесува Танјуг.

Тензиите дојдоа до врвот оваа недела, кога Руте побара поддршка за предлогот да се ограничи влезот на децата на воените бегалци кои веќе се во Холандија и да се бара од семејствата да чекаат најмалку две години пред да се обединат.

Поради овој предлог, Христијанската унија одлучи да ја напушти владата, што предизвика криза.

Холандија веќе има една од најстрогите имиграциски политики во Европа, но под притисок на десницата, Руте со месеци се обидуваше да најде начин дополнително да го намали приливот на баратели на азил.

Бројот на барања за азил во Холандија се зголеми за една третина минатата година на повеќе од 46.000, а владата предвиде дека тој број може да се зголеми на повеќе од 70.000 оваа година, надминувајќи го рекордот поставен во 2015 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Ер Индија“ предупредена поради кршење на безбедносните правила

20/06/2025

Индискиот регулатор за цивилно воздухопловство (DGCA) издаде предупредување до „Ер Индија“ за кршење на безбедносните прописи откако три од нивните

Авиокомпании ги откажуваат летовите кон Блискиот Исток поради влошената безбедност

20/06/2025

Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел,

Цената на нафтата падна за четири проценти по знаците за смирување на конфликтот меѓу Израел

17/06/2025

Цената на суровата нафта WTI (West Texas Intermediate) денес падна за над четири проценти, на 69,5 долари за барел, поради

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy