
Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции во земјоделството
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, во емисијата „Ритам на денот“, се осврна и на последната средба со делегација од Република Турција. Според него, делегацијата била составена од 30 бизнисмени, политичари и влијателни лица, заинтересирани за инвестиции во Северна Македонија, вклучително и во секторот земјоделство.
„Станува збор за делегација од 30 бизнисмени, политичари и влијателни луѓе, кои се сериозно заинтересирани за Северна Македонија во одредени области, меѓу кои и земјоделството. Досега реализиравме три средби со овие потенцијални инвеститори и сме во добра насока, бидејќи се приближуваме кон нешто поконкретно. Тие покажаа интерес за производството на ориз и овоштарството, но нашиот фокус како Влада е да обезбедиме пласман и на европскиот, но и на турскиот пазар“, изјави Хоџа.
Тој додаде дека разговорите продолжуваат и дека институционалната цел е, покрај инвестициите, да се создадат и нови можности за извоз на земјоделски производи на поголеми пазари.
