Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хирургот од Битола признал дека зел поткуп и доби условна казна, ОЈО се жали   
Магазин

Хирургот од Битола признал дека зел поткуп и доби условна казна, ОЈО се жали   

06/03/2025

AA

 

БИТОЛА – Познатиот битолски хирург М.С (64) признал дека примил поткуп од пациентка и добил условна казна на судењето во Основен суд Битола. Случајот е решен по предлог спогодба во претходна постапка, меѓутоа, Основното јавно обвинителство од Битола не било задоволно од одлуката на судот и поднело жалба на пресудата.

Хирургот за операција на жолчно ќесе побарал од фамилијата на пациентката да се „почести“ со 150 евра.

Судот првично му определи притвор од 8 дена, а потоа дополнителни 30 дена, поради опасност од бегство.

На судењето хирургот ја признал вината за кое се товари, велат од ОЈО Битола.

„Жалбата поднесена од ОЈО Битола во овој случај е за висината на изречената санкција, сметавме дека санкцијата не е правилно одмерена согласно одредбите од кривичниот законик“, изјавија од ОЈО Битола за „Независен“.

Веднаш по обелоденувањето на случајот со хирургот, Битолската болница го смени од раководната функција и во консултација со Министерството за здравство го суспендира од работа, а од раководството на болницата изјавија дека се оградуваат од постапката на посочениот доктор.

Сега од Битолската клиничка болница за „Независен“ потврдуваат дека хирургот додека бил во притвор поднел барање за заминување во пензија и од 26 февруари е формално во пензија.

На 28 јануари годинава хирургот беше пријавен во полиција од семејство од битолско, дека за операција на жолчно ќесе врз повозрасна пациентка побарал 150 евра за наводно да се „почести“.

ОЈО Битола во описот на делото наведе дека  – „Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница ‘Д-р Трифун Пановски’ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот ден во просториите на болницата во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите“. (А.Б.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy