Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хипокризијата на Карло Анчелоти
Спорт

Хипокризијата на Карло Анчелоти

14/03/2025

AA

Реал Мадрид се уште има шанси за тројна круна оваа сезона бидејќи на нешто повеќе од два месеца пред нејзиниот крај, во игра е во сите три натпреварувања во кои учествува.

Во првенството е на делба на првото место со натпревар повеќе од Барселона, во Лигата на шампионите стигна до четвртфиналето, а во Копа дел Реј до полуфиналето со огромна шанса да дојде и до мечот за трофејот бидејќи има 1-0 од гостувањето кај Сосиедад. Сепак, како една од најмаркантните работи од оваа сезона во Ла Лига, ќе остане хистеријата која ја создаде Реал поради судењето во досегашниот дел од сезоната.

Свој удел во тоа имаше и тренерот Карло Анчелоти иако за него не е типично да се меша во работата на арбитрите. По мечот против Атлетико во средата, до израз дојде неговата хипокризија кога станува збор за судиите.

Не така одамна, пред точно еден месец, на прес-конференција тој жестоко протестираше за неколку судиски одлуки кои, според него, довеле до губење бодови на Реал. Мадридскиот тим беше во лоша серија, на три меча по ред не успеа да победи, а виновниците, според Анчелоти, беа „луѓето во црно“.

„Многу работи се случија во последните три натпревари кои сите ги видоа. Нема да кажам ништо повеќе бидејќи сакам да бидам на клупата на следниот меч. Црвениот картон што го доби Белингам беше само знак дека судијата е нервозен, ништо повеќе. ВАР не ги провери ситуациите во противничкиот шеснаесетник иако имаше барем 2-3 такви моменти“, зборуваше Анчелоти по ремито против Осасуна откако и претходно на големо ги коментираше судиските одлуки.

Спорен момент имаше и во средата, на дуелот против Атлетико, но сега во корист на Реал. Хулијан Алварез при изведувањето на пеналот, два пати играше со топката, главниот судија доби сугестија од ВАР собата да го поништи голот што го постигна Аргентинецот, а тоа предизвика бура од реакции од таборот на Атлетико. Очекувано, изјавата на Анчелоти денеска не беше толку драматична.

„Се создаде голема бура околу пеналот на Хулијан Алварез. За нас тој натпревар заврши и ние сме сконцентрирани на следниот. Не знам какво е правилото за два контакта при изведување пенал, но такво е и мора да го почитуваме“, рече сега Италијанецот, одбивајќи да коментира премногу кога неговиот тим има корист од спорната судиска одлука.

Иста реакција како него имаа и неколку фудбалери и членови на управата на Реал. Куртоа и Белингам долго време се жалеа на судиските одлуки во Шпанија, но сега ги нападнаа членовите на Атлетико дека „само плачат“ и дека изигруваат жртви.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy