
Хигиеничарка во бугарскиот конзулат во Битола водела интервјуа за бугарско државјанство
Бугарската вицепремиерка Марија Габриел откри низа прекршоци во Бугарскиот конзулат во Битола, давајќи одговор на пратеничко прашање во Народното собрание, покренато од партијата Преродба која изнесе сомневања за злоупотреби во конзулатот во Битола, објави Њуз.бг.
Вработената Весна Котевска, според пратеникот Ангел Георгиев, била назначена за хигиеничар, но имала интервјуа со кандидати за бугарско државјанство. Како резултат на тоа, имаше многу одбивања.
Марија Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба која покажала системски прекршувања.
-А за жената за која станува збор, нашиот прв дипломат објасни дека повеќе нема пристап до архивите и конзуларното претставништво. Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви, категорично изјави Марија Габриел.
Таа додаде дека 2.719 досиеја се вратени на докомплетирање во конзулатот во Битола поради сериозни нарушување во процесот за добивање бугарско државјанство.
