
Хет-трик на Ѓорѓиевски за Силекс против Брера, реми на Шкендија и Работнички
Силекс ја најави победата уште во првото полувреме кога стрелаа Додев и Ѓорѓиевски, кој во вториот дел погоди уште двапати и комплетираше хет-трик.
Шкендија поведе со автоголот на Аломеровиќ во 26. минута, а потоа Мацари во 53. минута стрелаше за да му обезбеди бод на Работнички.
Струга со еден гол ја реши Беса, а истиот беше дело на Радиќ во 49. минута, додека Гоствар со два погодоци на Потук го расплака Шкупи.
Тиквеш со два погодоци на Спахиу во 36. и 64. минута стигна до солидно водство, но Јахја во 76. минута најави неизвесена завршница во која не се менуваше резултатот.
Табела: Струга 6 бодови, Шкендија 4, Гостивар 4, Работнички 4, Силекс 3, Тиквеш 3, Брера 3, Пелистер 1 (-1), Воска 1, Шкупи 1, Вардар 0 (-1) и Беса 0.
