
ХЕРОИНА НА ДЕНОТ: Амра издвои победа во важна животна битка
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографија од шестмесечната Амра која е вистинска хероина.
Филипче вели дека ова бебенце издвоило победа во важна животна битка.
„Вистинска мала хероина, во моментов моја најмала пациентка на Клиниката за неврохирургија, која се избори со тешка операција. Амра сега ќе има нормален раст и развој. И посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“, напиша Филипче.