Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХЕРОЈОТ ОД ВОЗОТ НА СМРТТА: Андреас (20) го скршил прозорецот и спасил уште десет патници додека до него беснеел пожарот
Регион

ХЕРОЈОТ ОД ВОЗОТ НА СМРТТА: Андреас (20) го скршил прозорецот и спасил уште десет патници додека до него беснеел пожарот

02/03/2023

AA

Среде трагедијата во Грција и пејзажот на разочарување, можеме да ги издвоиме оние приказни кои будат емоции и не потсетуваат дека, колку и да се драматични моментите, сепак има надеж, пренесува грчкиот портал protothema.gr.

Како што расте трагичниот биланс на загинати од ужасната несреќа во Грција и расте вознемиреноста за заробените под возот. 

Објавата на Фејсбук на докторката од Универзитетската болница во Лариса, Ерис Цијастудис, дава друга слика за трагедијата во Темпи.

Според административниот советник на Лекарското друштво Лариса, дваесетгодишниот студент се истакнал по своите херојски постапки кога успеал сам да го скрши стаклото и да спаси најмалку десет млади луѓе, мажи и жени.

Студентот Андреас Аликаниотис излегол речиси неповреден од 2-та кочија и пркосејќи на опасноста, огромниот оган што горел покрај него, сакал да спаси луѓе. И успеа, пренесува protothema.gr.

„Иако небото денеска беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од 2-та кочија. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се наведува во соопштението.

Бројот на загинатите во железничка несреќа во Грција се искачи на 43, соопштија претставници на противпожарната бригада и полицијата.

Но, како што пишува Екатимерини, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy