
Херојот на Англија: Утринава на сите им реков ќе одбранам пенал и тоа се случи!
Трафорд го заврши шампионатот не само со европска круна, туку со перфектен настап – без примен гол. Англија од почеток до крај сѐ победи, а на ниту еден меч не прими гол и младиот голман после освојувањето на евро-титулата откри дека на соиграчите уште утрово им кажал дека чувствува дека ќе одбрани пенал.
„Јас утрово на сите им кажав дека ќе одбранам пенал. И кога судијата свирна на белата точка, знаев дека ќе го одбранам. И да бидам искрен, баш беше лесно да се одбрани тој удар“, рече Трафорд.