Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници апелираат итно да се донесе Законот за амнестија
Македонија

Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници апелираат итно да се донесе Законот за амнестија

23/02/2023

AA

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници апелираат итно да се донесе Законот за амнестија, кој особено е значаен за лицата од ранливите категории, а кои се осудени за кривичните дела од член 205 – „Пренесување заразна болест“ и член 206 – „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик,  во време на вонредната состојба поради пандемијата која беше прогласена на 18 март 2020 година.

Во периодот по донесувањето на Одлуката за вонредна состојба за овие кривични дела беа изречени голем број на парични казни во износ помеѓу 1.000 и 2.000 евра. Согласно законските прописи, доколку во рок од 2 години паричните казни не се намират, судијата за извршување на санкции ги заменува со казна затвор и лицата кои немаат можност да ги платат ќе бидат упатени на издржување на казна затвор.

Здруженијата на граѓани кои обезбедуваат бесплатна правна помош во текот на својата работа нотираа голем број на случаи на граѓани особено лица во социјален ризик, самохрани мајки, лица со попреченост, бездомници кои се соочуваат со затворски казни поради немање на средства да ги платат паричните казни. Голем дел од осудените лица не ги обжалиле пресудите од причина што не ги примиле или пак биле неуки во однос на нивното право да вложат приговор до надлежниот суд.

Неплатените парични казни веќе се заменуваат со затворски казни, а тоа најмногу ги засега лицата во социјален ризик кои немаат доволно финансиски средства за да ги намират паричните казни. Практично тоа значи дека една неплатена парична казна од 2000 евра се заменува со 100 дена ефективна казна затвор.

Сите овие лица ќе влијаат врз зголемување на пренатрупаноста која секако ја има во поголемиот дел од затворите, а дополнително една од целите на казнувањето – ресоцијализацијата нема да биде исполнета, имајќи предвид дека лицата казната затвор би ја издржувале во нехумани и деградирачки услови нотирани во дел од установите од страна на Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници, како и од страна на CPT – Европски комитет за спречување на тортура и Народниот правобранител.

Според статистичките податоци од почетокот на вонредната состојба до октомври 2022 година во Основниот кривичен суд Скопје имало 280 неплатени парични казни, кои биле заменети со казна затвор, а 205 осудени лица добиле упатни акти да издржуваат казна затвор. Овие податоци се само за регионот на Скопје, а бројот на лица на територијата на целата држава на кои паричните казни им биле заменети со ефективна казна затвор и добиле упатни акти за издржување на казна затвор е многу поголем.

Овој предлог закон предвидува на осудените лица кои се осудени со правосилна судска пресуда на парична казна за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, или паричната казна им е заменета со казна затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, а оние лица кои започнале со исплаќање на паричната казна но не го платиле целиот износ, преостанатиот дел од паричната казна да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Оттука, донесувањето на овој предлог закон иако е задоцнето, со оглед на тоа што голем број на лица веќе започнаа со издржување на својата казна затвор, а некои дури и ја издржаа, сепак неговото донесување е неопходно и апелираме до Собранието тоа да го стори во најскор можен рок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy