Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хелсиншки комитет: Граѓаните остануваат обесправени заразни неорганизираноста на државата поврзана со личните документи
Македонија

Хелсиншки комитет: Граѓаните остануваат обесправени заразни неорганизираноста на државата поврзана со личните документи

14/02/2024

AA

Граѓаните остануваат обесправени заради неорганизираноста на државата навремено да ги исполни обврските преземени со Договорот од Преспа и да организира издавање документи со новото уставно име. Ова ги погодува сите граѓани кои немаат нови патни исправи, а особено оние чии документи се издавани на стари обрасци во периодот од 2019 до 2022 година.

Сакаме да потенцираме дека и покрај тоа што на 12 февруари беа изгласани измени на Законот за безбедност во сообраќајот со што се продолжи важноста на возачките и сообраќајните дозволи, измените на Законот за патни исправи воопшто не беа ставени како точка на дневен ред на Собранието.

Сегашната состојба каде речиси половина од граѓаните немаат нови патни исправи и нема изглед дека наскоро ќе ги добијат е директна закана по остварувањето на правото на слободно движење. Ненаоѓањето на законско или друго решение за излез од оваа состојба со невалидноста на патните исправи може да има сериозни финансиски импликации за државата. Имено, повредата на правото на слободно движење настаната со хаосот во обезбедувањето на нови патни исправи, што не може да се стави на одговорност на граѓаните, им дава многу цврста основа да ја тужат државата за повреда на нивните права и да ги добијат тие постапки во нивна корист.

За ова е пример и Одлуката У.бр.189/2012 од 25.06.2014 на Уставниот суд, со која Судот укина неколку одредби од тогашниот Закон за патни исправи на граѓаните на Република Македонија. И во тој случај Владата го ограничила основното право на слободно движење, повикувајќи се на меѓународни договори. Но, Уставниот суд, оценил дека во никој случај оваа причина не може да се смета како основа за ограничување на слободното движење на граѓаните, што би значело повреда на нивните основни човекови права.

Дополнително, државјаните на Република Северна Македонија се погрешно информирани за можностите за патување со патен лист издаден од од дипломатските и конзуларните претставништва на државата во странство. Вистината е дека тој документ им важи само еднократно – тие можат непречено да дојдат во земјата, нема да можат да ја напуштат државата, односно, нема да можат да патуваат надвор од државата сѐ додека не извадат нова патна исправа.

Дополнително, покрај убедувањето на надлежните дека функционира бесплатното телефонско и електронско закажување за почнувањето на постапката за вадење документи – тие се надвор од функција.

Ова е јасен приказ на негрижата на државата за заштита на правата и на слободите истовремено со исполнување на меѓународните спогодби, а чии последици ги сносат самите граѓани. Очекуваме одговорноста да је понесат сите надлежни државни органи и лица на раководни места во тие органи кои доведоа до оваа состојба.

 

Апелираме Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за ефикасно и брзо издавање нови пасоши и на тој начин да престане повредувањето на основното човеково право на слобода на движење.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy