
Хеликоптерот на МВР се упати кон Кривогаштани, сепак ќе го гаси пожарот!
Околу 14.00 часот изби силен пожар на територијата на Општина Кривогаштани, помеѓу с. Подвис и с. Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево. Еден полициски хеликоптер полета, набргу ќе започне со дејство, иако претходно немаше дозвола за летање поради надоаѓањето на невреме.