Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хаверц спречи победничко деби на Ребров: Германија од пенал во 90-та до реми со Украина!
Спорт

Хаверц спречи победничко деби на Ребров: Германија од пенал во 90-та до реми со Украина!

12/06/2023

AA

Германската ѕвезда од Челси, Каи Хаверц му го расипа дебито на легендарниот Сергеј Ребров на селекторската позиција на Украина, откако со гол и изнуден пенал, ја спаси Германија од пораз во хуманитарниот пријателски меч во Бремен кој заврши без победник 3-3, иако Украина до 82-та минута водеше со 3-1.

Првиот противник на Македонија во овој јунски циклус, во петок во Скопје, Украина со три контри од три шута ја донесе Германија на раб на пораз, но Хаверц, кој влезе во игра во вториот дел во 83-та минута погоди за да намали, а во 90-та изнуди пенал после несмасен старт на украинската дефанзива и Џошуа Кимих од пенал погоди за да не дозволи пораз на „панцерите“ во својот јубилеен илјадити меч.

Украина на мечот беше во подредена улога, Германија беше таа која играше фудбал, ама Украинците покажаа голема агресивност и пред сѐ извонредна транцизија, па трите гола ги дадоа од контранапади, но истовремено покажаа голема несигурност во одбраната, најмногу на централниот дефанзивец Матвиенко.

Германците поведоа со гол на Никлас Фулкруг по само шест минути, но Васили Циганков и автогол на Антонио Ридигер по ударот на Михајло Мудрик донесоа пресврт, за Циганков во 56-та минута да го даде својот трет гол за огромни 3-1. Германија имаше 65 отсто посед на топката, фудбалски ја надигра Украина, ама дури во завршницата се извлече од поразот.

Украина под Ребров на неговото деби тргна со формација 4-4-2 со Забарњи и Матвиенко како стопери, Миколенко и Тимчук на бековските позиции, а во четворката во средина беа Судаков, Степаненко, Циганков и Мудрик, додека во нападот Јармоленко и Довбик.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy