
Хасани си замина од Шкендија: Време е за нови генерации!
Овој 32-годишен фудбалер смета дека е време да се ослободи простор за новите генерации, а договорот е прекинат без никаква финансиска отштета.
„Мислам дека е време да им се даде повеќе простор на новите генерации. Чувствувам дека немам што да понудам на теренот и сметам дека на мое место може да заигра друг фудбалер. Му посакувам сè најдобро на тимот. Би играл уште една сезона во некоја друга лига пред да ја завршам кариерата“, кажа Хасани.
Хасани заедно со Шкендија двапати ја освои титулата во Првата лига, двапати го освои Купот и еднаш славеше во Суперкупот.
