
Хари одново ги пеплоса своите: Мегваер – Манчестер јунајтед 1-0! (ВИДЕО)
Се играше осмата минута, кога една рутинска ситуација во половината на Манчестер самиот Мегваер почна да ја усложнува додавајќи му назад на Давид Де Хеа. Фудбалерите на Севиља со агресивен трк направија пресинг врз голманот, а Мегваер самиот побара додавање, за да му олесни, божем. Арно ама, кога ја доби топката и тој се најде меѓу тројца фудбалери на Севиља и, иако имаше чист простор зад грбот, кон половината на противниците, тој реши да му додаде на затворениот Ванбисака.
Додавањето беше блокирано, Ен Несири прифати и лесно го совлада Де Хеа.
