Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХАОСОТ ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ВОДИ ДО БЛОКАДА НА ПРАВДАТА Секое рочиште на мега-процесот значи вонредна состојба за сите актери и за Кривичниот суд
Македонија

ХАОСОТ ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ВОДИ ДО БЛОКАДА НА ПРАВДАТА Секое рочиште на мега-процесот значи вонредна состојба за сите актери и за Кривичниот суд

11/02/2026

AA

Додека актерите на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани се подготвуваат за рочиштата закажани за следната недела, во дел од експертската јавност веќе сериозно се анализира досегашниот тек на постапката и неизвесноста во која стратегијата на Јавното обвинителство ги втурна обвинетите, семејствата на жртвите и целата македонска јавност.

Обвинението беше покренато во првата половина на 2025 година, а јавноста има впечаток дека процесот е на самиот почеток. Се очекуваше дека барем за овој исклучително сензитивен случај институциите ќе покажат зрелост и ефикасност. Но еве, по повеќе од една година од почетокот на процесот, она што го гледаме во судските сали во 2026 година не е пат што води кон вистината, туку пат кон една исклучително скапа и исцрпувачка правна неизвесност. Клучната дилема гласи – како понатаму?

Правдата како да не се доближува, како да се одалечува

Во повеќе анализи веќе констатиравме дека случајот „Пулс“ е можеби најдобриот пример за тоа како една погрешно поставена стратегија на претходниот состав на Јавното обвинителство може да го парализира целиот правосуден систем, претворајќи ја потрагата по одговорност во мачен институционален лавиринт. Она што пред една година беше замислено да се „продаде“ во јавноста како „решителен институционален одговор“, денес се претвора во процес кој отвора нови прашања и создава нови проблеми. Луѓето се вознемирени од чувство дека правдата, наместо да се приближува, се оддалечува, со секое ново рочиште.

Суштината на проблемот лежи во одлуката на Обвинителството да не направи прецизна селекција и индивидуализација на кривичната одговорност за трагедијата, туку да „лови со мрежа“. Со опфаќање на дури 38 обвинети (35 физички лица и 3 правни лица), процесот на стартот е поставен на стаклени нозе. Дополнително, обемот на постапката беше значително проширен, откако Јавното обвинителство, кон крајот на претходниот месец, подигна уште 3 обвиненија против вкупно 23 полициски службеници, при што дел од имињата се појавуваат и во други посебни постапки поврзани со истиот настан. Со тоа, бројот на лица опфатени со обвиненија поврзани со трагедијата во „Пулс“ достигна вкупно 61, што дополнително ја усложнува и ја прави постапката една од најобемните во поновата судска пракса.

1.400 материјални докази и мноштвото сведоци говорат за недостигот од јасна правна теза во обвинението

Ваквата неселективност создава неверојатна збрка и непотребно комплицирање на ионака сомнителните наративи во обвинението. Со над 1.400 материјални докази и листа од голем број сведоци предложени само од страна на Обвинителството, предметот е буквално затрупан со информации. Во правосудната пракса, обемот не е доказ за сериозност, туку често симптом на отсуство на јасна правна теза. Колку повеќе лица се опфатени, без јасна хиерархија на одговорност, толку потешко станува судот да ја издвои суштината од формата. Наместо хируршки прецизно лоцирање на вината кај оние кои директно одлучувале и дозволиле безбедносен хаос во дискотеката „Пулс“, Обвинителството во истиот куп стави и лица чија надлежност е „периферна“ или речиси непостоечка во контекст на трагедијата.

Секое име на листата на обвинети значи дополнителен слој процедурални пречки: повеќе адвокати, повеќе приговори, повеќе барања за изземање и, неизбежно, повеќе одложувања на рочиштата. Во ваква констелација, судот не се занимава со правдата, туку со менаџирање на една гломазна толпа луѓе во судницата, каде што секој поединец има неотуѓиво право на своја посебна одбрана, свои сведоци и свои докази.

Институционалната блокада има висока цена

Ефектите од ваквата поставеност се чувствуваат низ целиот систем. Досега се одржани едвај десетина рочишта, но тие се реализирани со екстремен напор на Кривичниот суд. Кога е закажано рочиште за случајот „Пулс“, државата влегува во вонредна состојба: се стопираат сите други постапки, се ангажираат максимални полициски и административни ресурси, а адвокатите се принудени овој случај да го третираат како апсолутен приоритет над сите други предмети. Практично скоро сите други предмети во Кривичниот суд застануваат во денови кога се суди предметот „Пулс“.

Финансиската сметка за ваквата неефикасност е вртоглава. Процените дека едно вакво рочиште ја чини државата околу 150.000 евра се само врвот на ледениот брег. Тука се вбројуваат илјадници работни часови на судиите, обвинителите, стручните соработници, припадниците на МВР и затворската полиција. Кога овие суми ќе се помножат со годините што претстојат, станува јасно дека буџетот ќе биде сериозно олеснет, за процес чиј исход е крајно неизвесен. Освен тоа, треба да се има предвид дека во моментов се наоѓаме само во првата фаза на судењето, доказната постапка на Обвинителството. По неа доаѓа фазата на одбраната, каде што секој од 37-мината обвинети ќе го користи своето право да го побие секој навод во обвинението. Плаши дури и помислата колку време ќе одземе тоа…

Треба јасно да се каже дека не зборуваме само за апстрактни бројки и за пари кои растат на гранките од дрвјата, туку за буџетски средства коишто секојдневно недостасуваат во други судски постапки, во инфраструктурата на судовите, но и за поддршка за жртвите. Прашањето повеќе не е дали правдата е скапа, туку дали овие трошоци воопшто се разумни и целисходни.

Емоционален и финансиски банкрот на семејствата

Додека државата ги плаќа трошоците од заедничката каса, најголемиот цех го плаќаат семејствата на жртвите. За нив, должината на овој процес не е само техничко прашање, туку продолжена тортура. Наместо да добијат правна завршница која ќе им овозможи барем делумен спокој, тие се вовлечени во агонија за која уште сега се знае дека ќе биде повеќегодишна.

Секое рочиште е нов емоционален стрес, повторно преживување на трагедијата, низ студениот бирократски јазик на судот. Покрај психолошкиот товар, семејствата се соочуваат и со директен финансиски трошок, ангажирање сопствени полномошници, патувања и отсуства од работа.. Сето тоа ќе трае со години. Погрешната стратегија на Обвинителството ги претвори жртвите во заложници на една административна машина, која е премногу бавна за да испорача правда во разумен рок.

За семејствата, најтешка е отсуството на предвидливост на исходот, а не обемот на обвинението. Правдата што доаѓа предоцна, или не дај боже воопшто не доаѓа, престанува да биде утеха и станува уште една форма на загуба. Судењето во разумен рок не е само формално процесно право, туку практичен предуслов правдата за жртвата да биде остварлива, а не илузорна.

Кога „мега-предметите’ се рушат под сопствената тежина

Најмрачното сценарио за случајот „Пулс“ е токму она што веќе го видовме во минатото со други мега-процеси, како на пример случајот „Змиско око“. Кога обвинението е преобемно, ризикот од процедурални грешки расте експоненцијално. Едно болно отсуство на обвинет, една техничка грешка во преводот или во вештачењето, може да го врати процесот на почеток или да доведе до застареност.

Постои реална опасност по неколку години и потрошени милиони евра, предметот да заврши без суштинска пресуда за главните виновници, токму затоа што системот се „задушил“ во обидот да процесира сè и секого истовремено. Доколку се случи тоа, цената на овој неуспех ќе биде немерлива: трајно изгубена доверба во судството и дефинитивен пораз на правната држава пред очите на оние кои најмногу страдале. Правдата мора да биде ефикасна за да биде вистинита. Во спротивно, таа станува само уште една форма на неправда, овојпат заверена со судски печат.

Во јавниот дискурс веќе се појавија размислувања на искусни правници кои потсетуваат дека македонското судство веќе има болно искуство со предмети кои биле „преголеми за да успеат“. Најнепосакуваното сценарио е мошне остварливо, а тоа е по неколку години од сега, после потрошени милиони евра, со исцрпени семејства и потполна институционална истрошеност, целиот случај да добие само нема слика и пресуда која не само што нема да ја намали болката на најблиските, туку ќе донесе ново разочарување и недоверба во македонското правосудство.

Кој има полза од тоа?

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy