
ХАОС ВО ЈСП: Се скарале две малолетнички од Батинци, а потоа едната била претепана од три момчиња
На 28.04.2023 во 00.40 часот во СВР Скопје, Р.Н.(41) од с.Батинци, скопско, пријавил дека на 27.04.2023 околу 19.40 часот во градски автобус во с.Батинци, неговата малолетна ќерка била физички нападната од три машки лица, од кои еден малолетник.
Според пријавеното, причина за нападот е претходно недоразбирање на неговата ќерка со друга малолетничка од с.Батинци со која биле во автобусот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
