
ХАОС ВО ЈСП: Патник упатил закани кон контролорка, се обидел и да ја нападне со нож!
На 02.05.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавила дека околу 15.10 часот, додека била на работно место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на линија бр.23 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, патникот С.Б. ѝ се заканил и се обидел да ја нападне со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

