Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хамнеи: Можен е договор со Западот за нукларната програма
Македонија

Хамнеи: Можен е договор со Западот за нукларната програма

11/06/2023

AA

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, денеска, во услови на застој во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, кажа дека е можен договор со Западот за иранската нуклеарна програма доколку нуклеарната инфраструктура на земјата остане недопрена.

Индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за обновување на нуклеарниот договор со шестте сили се заглавени од септември, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно дека поставуваат неразумни барања.

Ајатолахот Хамнеи претпазливо ја одобри можноста за обновување на договорот неколку дена откако Техеран и Вашингтон негираа дека се блиску до привремен договор, според кој Техеран ќе ја намали својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.

-Нема ништо лошо во договор (со Западот), но инфраструктурата на нашата нуклеарна индустрија не смее да се допре, рече Хамнеи, пренесен од државните медиуми.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент одби да ги коментира изјавите на Хамнеи, повторувајќи го ставот на администрацијата на претседателот Џо Бајден дека САД се „посветени никогаш да не дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје“.

-Веруваме дека дипломатијата е најдобриот начин за постигнување на целта на проверлива и трајна основа, но претседателот, исто така, беше јасен дека ние не сме тргнале од масата ниту една опција, рече тој, алудирајќи на можноста за воена акција.

„Нема да ја карактеризираме природата на изјавите на иранскиот лидер“, додаде портпаролот.

Договорот од 2015 година го ограничи иранското збогатување ураниум за да му отежне на Техеран да развие нуклеарно оружје, а за возврат ги укина меѓународните санкции.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година унилатерално го напушти договорот и повторно воведе санкции што ја осакатуваат иранската економија, предизвикувајќи Техеран постепено да ги надминува границите договорени во договорот и повторно да ги разгори стравовите на САД, Европа и Израел дека Иран се обидува да поседува атомска бомба.

Хамнеи го повтори долгогодишниот официјален став на земјата велејќи дека Исламската Република никогаш не сакала да изгради нуклеарна бомба.

-Обвинувањата дека Техеран сака нуклеарно оружје се лага и тие го знаат тоа. Ние не сакаме нуклеарно оружје поради нашите религиозни убедувања, рече Хамнеи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy