Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хамас барале помош од Босанците?
Регион

Хамас барале помош од Босанците?

18/10/2023

AA

Групата Хамас бара поддршка и од Босна и Херцеговина (БиХ). Првиот човек на радикалната исламистичка организација Хамас, одговорен за нападот врз Израел кој почна на 7 октомври, побарал поддршка од властите на БиХ во специјално писмо што го испратил на адреса на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, пишуваат денеска локалните медиуми.

Порталот istraga.ba објави копија од писмото потпишано и испратено на адреса на Конаковиќ на 11 месецов. Писмото го пратил Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Хамас. Копијата изгледа автентично, а писмото е на хартија која ги содржи официјалните обележја на таа организација, пренесува Н1.

Министерството за надворешни работи на БиХ не го коментираше ова писмо, но партијата Народ и Правда (НиП), предводена од Конаковиќ, во четвртокот зборуваше за конфликтите на Блискиот Исток со соопштение во кое го осудува секое насилство, особено насилството врз цивилите.

Откако Хамас почна да врши напади врз Израел, имаше повици муслиманските земји да се обединат и да им помогнат на Палестинците. Во Израел има воени дејствија, а низ Европа имаше терористички напади, и тоа напад имаше во Франција, каде лице од руската република Ингушетија уби професор во средно училиште, потоа Тунижанец изврши напад во Брисел, а во Милано во Италија беше спречен напад. Во Франција имаше евакуација на аеродроми, но и на познати туристички знаменитости во Париз. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy