
Халанд го прегази Лајпциг, издржа бункерот на Интер на „Драгао“ (ВИДЕО)
На „Етихад“ беше видено неверојатно гол-шоу на Ерлинг Халанд, кој за 35 минути постигна дури пет голови, со што се изедначи со Лионел Меси како единствените двајца кои реализирале „петарда“ на средба од ова натпреварување. Норвежанецот почна да ја полни мрежата во 22. минута, па преку 24., 45., 54. и 57. минута да се запише во историјата. Тој можеше да стане и бесмртен, но Пеп Гвардиола го повлече од игра речиси точно по еден час од мечот, со цел да го одмори во пресрет на тешките мечеви во Премиер лигата. Стрелци на останатите два гола за Сити беа Гундоган и Де Брујне (сите голови погледнете ги ТУКА), а првиот меч во Германија заврши со 1-1.
За разлика од оваа средба со илјадници шанси за голови, на „Драгао“ беше видена вистинска рововска битка, во која бункерот на Интер ги издржа сите напади на домашниот тим, особено во последните минути. Португалците имаа три-четири фантастични шанси во судиското продолжение, но голманот Онана беше пантерски расположен, а згора на тоа двапати имаше помош од пречката. Ваквиот исход беше доволен „нераѕурите“ да се најдат меѓу осумте најдобри во ЛШ поради триумфот на домашен терен со 1-0. Најинтересните моменти погледнете ги ТУКА.
Последните два осминафинални меча се играат утре кога Наполи го пречекува Ајтрахт Франфурт со предност од 2-0 од првиот дуел, односно Реал Мадрид ќе му биде домаќин на Ливерпул во пресметка во која влегува со огромни 5-2 од првиот натпревар на „Енфилд“.

