
Халанд е среќен во Сити, но „меѓу редови“ најави – сензационален трансфер!
Ова е поткрепено со видео-снимки на кои се гледа како директорот на каталонскиот клуб, Деко и претставници на норвешкиот фудбалер седат заедно во ресторан во каталонската престолнина. За ова проговори и самиот Халанд, откако новинарите го прашаа за темата која дефинитивно ги интересира сите.
„Навистина сум среќен во Манчестер Сити, особено со луѓето со кои сум опкружен, тренерот, директорите, управата. Но, ќе кажам нешто што ќе заврши на насловните страници на медиумите – дека никогаш не се знае што носи иднината. Можете да го напишете ова, но мора претходно да го напишете она што го кажав на почетокот, а тоа е дека во моментов сум среќен“, одговори норвешкиот репрезентативец.
Халанд од 2022 година го носи дресот на „граѓаните“ за кои на 57 средби постигна 54 гола. Неговиот договор со англискиот шампион е до 2027 година, со опција за откуп на договорот претстојново лето во износ од 200 милиони евра.

