
Халанд донесе победа, Сити се доближи на еден бод од лидерот (ВИДЕО)
По голема борба, стрелец на единствениот гол беше најдобриот голгетер во Премиер лигата, Ерлинг Халанд во 71. минута. Норвежанецот доби одлична топка од Алварез, искористи тоа што еден противнички фудбалер се лизна, излезе сам пред голманот на Брентфорд и рутински го совлада за важни три бода за неговиот тим.
Сити сега е на втората позиција на табелата со 56 бода, само еден помалку од лидерот Ливерпул. Овие две екипи, заедно со Арсенал до крајот на сезоната ќе водат жестока битка за титулата во Премиер лигата.
