
Халанд доби награда за најдобар во 2023, Роналдо направи голем гест! (ВИДЕО)
Пред да биде изговорено името на победникот, камерите беа свртени кон Роналдо и Халанд. Додека треа тие моменти, Португалецот со прстот покажуваше кон Норвежанецот велејќи дека тој заслужува да биде најдобар.
Тоа и се случи, Ерлинг Халанд ја доби наградата за најдобар фудбалер за 2023 година.
Покрај Халанд, награда доби и Роналдо кој беше прогласен за фаворит на фановите за 2023.
Наградата за најдобар тренер му припадна на Пеп Гвардиола.
