
Халанд броеше до пет гола, Гвардиола го спречи да стане – бесмртен (ВИДЕО)
Претходно такво нешто му успеа само на големиот Лионел Меси во дресот на Барселона во 2012 година и тоа исто така против бундеслигаш односно екипата на Баер Леверкузен. Норвежанецот петтиот погодок за 6-0 го постигна уште во 57. минута и имаше доволно време да стане бесмртен во ЛШ со барем уште една реализација, но во тоа го спречи тренерот Пеп Гвардиола, кој шест минути подоцна го замени со Хулиан Алварез.
На Халанд за утеха ќе му остане минувањето на границата од 30 голови во ЛШ како најмлад во историјата. Тој на 25 средби во ова натпреварување дури 33 пати ја затресе противничката мрежа.

