
Хакиран системот на Фондот за здравство
Од вчера хакиран е системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). По вчерашните провeрки, утврдено е дека се работи за неовластен влез во компјутерскиот систем на ФЗО. Во серверите на ФЗО се личните податоци на сите здравствено осигурени лица во Македонија.
Од ФЗО вчера само известија дека имаат технички проблем и нефункционалност на дел од серверите и дека се работи на дијагностицирање и отстранување на проблемот.

