Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хакери бараат 20.000 биткоини за да ги вратат податоците од Фондот за здравствено осигурување
Македонија

Хакери бараат 20.000 биткоини за да ги вратат податоците од Фондот за здравствено осигурување

17/02/2023

AA

Откуп од 20.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), дознава МКД.мк од свои неофицијални извори од оваа институција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат. Според нашите информации во оваа институција е хаос за да се средат податоците, а наводно хакерите побарале огромни суми во виртуелна валута за да ги вратат сите податоци. Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.

На 7 февруари хакери го пробија системот на податоци на ФЗО, а вчера од таму испратија известување дека техничките тимови работат во континутет за целосна функционалност на системот.


Премиерот Димитар Ковачевски денеска откри дека се работи за хибридна војна која се води моментално во Европа.

„Се работи за напад со „ransomware“. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи. Вчера разговарав со министерот за финансии да се најде начин во наредните денови ќе имаат решение но свесен дека вработените немаат земено плата и имаат кредитни картички, разговаравме да се направи исплата преку централниот трезор а потоа порамнување со трезорот во ФЗОМ. Сега и Министерството за финансии е вклучено. Се работи за комплексна операција. Апелирам сите вработени во здравството и корисниците на услугите на Фондот да имаат трпение бидејќи вработените во Фондот деноноќно работат со цел проблемот да биде решен во корист на сите корисници. Преку вработените во ФЗОМ немаше застој на услугите, ги продолжија работните часови, ги сменија процедурите рачно да се процесираат барањата на осигурениците“, изјави премиерот Ковачевски.


Целиот текст може да се прочита на МКД.мк


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување

26/10/2026
Македонија

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите

26/10/2026
Македонија

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“

26/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА Андоновски повикува на развој

26/10/2026
Македонија

717 студентски пријави за шест месеци: Доцнат стипендиите, во студентските

26/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МВР Македонец приведен во

26/10/2026
Македонија

ПРВО ПАДНАА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ, А ПОТОА ВУЧИЌ Ист пејач

26/10/2026
Македонија

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО СКОПСКО Двајца упаднале во куќа со огнено

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46384
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување на добрите односи со Србија

26/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Илија Срдановиќ, носител на „Студентската листа“ во Србија, кому му честитал за изборниот

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите ќе паднат, а ветерот ќе

26/10/2026

Променливо облачно време, пад на температурите и северен ветер што на места ќе надминува 60 километри на час. Таква временска

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“ Јаревски ја обвини опозицијата за

26/10/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во гостувањето на „Канал 5“ ги критикуваше ставовите на СДСМ за бугарските барања и евроинтегративниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy