
Хајдук немаше сила за ново чудо: АЗ Алкмар ја освои младинската ЛШ!
АЗ Алкмар доминираше од самиот старт на натпреварот, а првпат ја проби одбраната на Хајдук во 45. минута, кога Адаи од пенал стрелаше за водство од 1-0.
Холандскиот тим ја контролираше играта и во вторите 45 минути, а Хајдук се распадна во последните 20 минути, кога прими дури четири гола.
Поку постигна два гола, во 70 и 76. минута за предност од 3-0, по што Мердинк со уште два гола ја „запечати“ победата на АЗ Алкмар.
Хајдук на патот до финалето ги елиминира Манчестер сити, Борусија Дортмунд и Милан, но немаше сила за расположените деца на АЗ Алкмар.

