
Гвардиола се налути поради Евровизија: Немаме доволно време за одмор!
Реваншот се игра в среда на „Итихад“, но избраниците на Гвардиола претходно мора в недела да играат против Евертон на „Гудисон парк“.
Гвардиола се налути затоа што неговиот тим морал да игра в недела, а не во сабота во вечерен термин поради Евровизија.
„Не можеме да играме во сабота по планот затоа што се одржува Евровизија и нема доволно безбедносни сили. Многу ќе ни знаеше еден ден повеќе за одмор. Не разбирам, но мора да го прифатам ова“, вели Гвардиола.
