
Гвардиола кажа што би работел по заминување од Манчестер сити
Гвардиола има договор со „граѓаните“ до крајот на следната година, а следна желба му е во кариерата да стане селектор.
„Би сакал да водам репрезентација на Светско или Европско првенство. Би сакал, но не знам во која земја. Не знам кој би сакал да ме ангажира“, кажа Гвардиола.
Одличниот стратег досега ги тренираше Барселона и Баерн Минхен со кои освои многу титули.

