
„Гвардиола е најдобар тренер во светот, го заслужи пехарот во ЛШ“
Тие двајца соработуваа во Барселона во минатото и освоија голем број трофеи, а Меси смета дека Гвардиола заслужува уште многу успеси во иднината.
„Заслужи да ја освои Лигата на шампиони. Гвардиола е најдобар тренер во светот“, кажа Меси.
Меси и Гвардиола двапати со Барселона ја освоија титулата во ЛШ, и тоа во 2009 и 2011 година.

