Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите
Економија

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

13/10/2024

AA

Народната банка дава поддршка за младите и за нивниот развој во висококвалификувани кадри, кои понатаму ќе придонесат за економскиот и за општествениот развој на земјата и за нејзината европска иднина. За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка, Анета Крстевска ги примија стипендистите на Европскиот форум Алпбах (ЕФА) ‒ Александар Каратошо, Бесар Бекири, Ана Софеска и Никола Донев, како и членови на Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност  ̶ Македонска АЛПБАХ заедница, Марко Палоски и Теа Цветановска, на средба во Народната банка.

На средбата, стипендистите на ЕФА ги споделија своите искуства и идеи во врска со поддршката којашто институциите можат да ја дадат за младите и за нивниот развој, како идна движечка економска и општествена сила. Подетално беше разговарано и за Меморандумот за соработка, којшто Народната банка го потпиша со Клубот Алпбах, во август годинава, со кој се предвидени повеќе активности и проекти во областа на финансиската едукација. Преку соработката и проектните активности се отвораат нови можности за младите, за едукација, проактивност и за иновативност.

На средбата беше посочено и дека преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка постојано работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа во земјава. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy