
Гундоган со еден твит ја „закопа“ Барселона (ФОТО)
Сумирајќи ја 2023 година, тој изјави дека таа била најдобра во неговата кариера, мислејќи на освоената тројна круна со Манчестер Сити. Барселона се обиде да го искористи тоа и на својот профил на Твитер објави дека минатата година била најдобра за Германецот поради трансферот во Каталонија, но веднаш потоа се огласи Гундоган со објаснување на својата изјава.
„Се извинувам поради забуната. Мислев на освојувањето на ‘триплетата’ со Манчестер Сити. Мое извинување поради тоа што не бев јасен од почеток“, напиша Гундоган.
