Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГТЦ ја зголеми наплатата, но и натаму работи со загуба
Економија

ГТЦ ја зголеми наплатата, но и натаму работи со загуба

05/03/2025

AA

Градски трговски центар – Скопје ги зголеми приходите за 4 отсто во текот на 2024, објавено е на платформата на „Македонска берза“. 

Некогашниот симбол на скопското модерно живеење минатата година наплатил 257 милиони денари, односно околу 4,2 милиони евра. Сепак и тоа не било доволно да се оствари добивка. Загубата изнесува 350.000 евра и е нешто помала од една година претходно.

Најголем дел од трошоците се за плати за вработените. Исплатата на работниците е 2 милиони евра на годишно ниво и бележи раст од 18 отсто.

Најголем дел од приходите на ГТЦ се од паркингот и закупнините што ги наплатува од корисниците на деловните објекти што ги издава.

Во проформа образложението за остварениот резултат доставено до „Македонска берза“ раководството најавува дека оваа година ќе се фокусира на поголема наплата „со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кои располага“.

Угостителско-туристичкиот менаџер Никола Соколовски од ноември минатата година е назначен за нов извршен директор на акционерското друштво. Тој дојде на местото на Ѓоко Трајчевски, кадар кој имаше поддршка од претходната власт. Претходните две години бил оперативен директор на скопскиот „Интернешнл хотелс“ (поранешен „Континентал“ н.з.).

Истовремено променет е комплетно целиот Управен одбор на шопинг центарот, а сега има седум наместо претходните шест членови. Покрај Соколовски, членуваат уште и Ферик Белули, Јован Лукаров, Катица Грче, Виолета Блажевска, Васе Ангеловски и Александар Тасев. 

ГТЦ е компанија која порано беше трговска гордост на Скопје. И сега е едно од најфреквентните места, но неговата репутација не е ниту сенка од тоа што била пред дваесетина и повеќе години. 

Камен околувратник на државната компанија е превработеноста. А тоа е потврдено и во извештајот на директорите. Но, заради мир во политичките коалиции на власт досега никој не посегаше да го решава најголемиот проблем. ГТЦ има околу 200 вработени, а главна дејност му е да одржува деловни простори во вкупна површина од 46.000 квадратни метри.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy