
Грузискиот премиер Гарибашвили најави оставка
Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили на прес-конференција во живо објави дека поднесува оставка пред парламентарните избори во октомври, пренесе Ројтерс.
Претходно грузиските медиуми објавија дека Иракли Кобахиџе, претседател на владејачката партија Грузиски сон, ќе го замени Гарибашвили, кој е премиер на Грузија од 2021 година.
