Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРУЗИЈЦИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ: Колкави кирии плаќаат Русите за станови?
Економија

ГРУЗИЈЦИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ: Колкави кирии плаќаат Русите за станови?

17/06/2023

AA

Откако почна војната во Украина, богатите Руси за да ја избегнат мобилизацијата, се преселија во Грузија каде имаат влез без визи. 

Таму плаќаат високи цени за кирии. Месечно трошокот за изнајмување на стан изнесува и до 2.500 долари. Контактиравме со агенција за недвижен имот од Тбилиси, од каде велат дека има голема побарувачка за станови во повеќе градови, што секако им оди во прилог и им носи добра заработка. Русите најчесто се сместуваат во населбите во главниот град Тбилиси. 

„По напливот на Русите, цените на недвижностите во Грузија станаа многу високи во сите области на Тбилиси, и за изнајмување и за продажба. Многу луѓе купија недвижен имот во Тбилиси и се доселија во нашиот град. Цените на апартманите со една спална соба се движат во просек од 1.000 американски долари, апартманите со 2 спални од 1.500 американски долари и апартманите со 3 спални од 2.500 американски долари“, велат од агенцијата Royal house international real estate in Georgia.

Од оваа агенција додаваат дека последниве месеци бројот на руски граѓани кои се доселуваат опаѓа, но наведуваат дека истите си имаат руски агенти во Грузија со кои соработуваат за наоѓање на имоти и не може да се предвиди дали во иднина ќе има нов бран или не.  Објаснуваат дека дел од Грузијците имаат отпор кон Русите кои окупираа дел од нивната територија во минатото и воопшто не сакаат да им издаваат станови, дури ни за екстремно висока цена. Од Royal house international real estate in Georgia велат дека пред почетокот на руската инвазија на Украина, становите ги издавале на странски туристи. Сега состојбата е променета. 

„Порано кај нас доаѓаа европски туристи или деловни посетители, но овие луѓе ги има многу помалку во последните две години. Сепак, во секој случај, цените се многу високи, и во центарот и во предградијата. Многумина одбиваат да изнајмуваат станови на Русите, а тие бараат удобно сместување. Исто така,  нашата земја заслужува да биде дел од Европа, нашите луѓе се многу љубезни и гостопримливи, нашата татковина е многу убава, се надевам дека оваа ситуација ќе се промени“, велат од агенцијата. 

Војната во Украина донесе економски бенефит за Грузија. Се смета дека 100.000 Руси се доселиле во државата.  Економскиот раст на оваа земја од почетокот на војната е 10 отсто. Минатата година 20 отсто од сите туристи во Грузија биле од Русија. 

Севкупно, лани Грузија примила околу 3,6 милијарди американски долари од дознаки, туризам и извоз на стоки од Русија, трипати повеќе од една година порано.

На политички план, Грузијците сакаат интеграција во ЕУ, затоа што според нивните тврдења, Русија и натаму има територијални претензии кон нив. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/k_samurkas

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска

17/02/2026
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските

17/02/2026
Македонија

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно

17/02/2026
Македонија

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41576
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

17/02/2026

Околу 15:30 часот преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА Д-Р ВАСЕВ И НА НУХИ

17/02/2026

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје денеска го одби предлогот на одбраната да се укине притворот на обвинетите д-р

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во источна Македонија и Пелагонија

17/02/2026

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за претстојната ноќ и утрешниот ден (18 февруари), поради најава за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy