
Грузија избегна нокаут, па со одличен резултат замина на одмор (ВИДЕО)
Околу половина час, Турција беше апсолутно подобар тим на теренот, го мелеше својот ривал и можеше да ги реши сите дилеми околу победникот. Во 25. минута Мулдур го совлада Мамардашвили, а само две минути подоцна, гол постигна и Јилдиз. Сепак, неговиот погодок беше поништен поради минимален офсајд и тоа се покажа како еден од клучните моменти на натпреварот.
Во 32. минута, Микаутадѕе се запиша во историјата на грузискиот фудбал откако стана прв стрелец на гол за оваа репрезентација на европските првенства, израмнувајќи на 1-1. До крајот на полувремето, Грузијците имаа иницијатива, создадоа неколку изгледни шанси, но на пауза се замина со нерешен резултат.